(ВИДЕО) Манијак се соблекува и плаши жени во Скопје

Снимки од надзорни камери на кои се гледа како непознато лице демне по дворови и згради се објавени на социјалните мрежи. Објавувачот тврди дека лицето е манијак кој во неколку наврати сексуално вознемирувал жители на Влае, објави А1 он.

Администраторката на групата „Манијак во Влае“, Елеонора Стојановиќ е една од жртвите. Таа за „А1он“ вели дека го затекнала момчето како стоело на портата од нејзиниот двор, избегало по нејзината реакција, па повторно се вратило. По нејзиното сведоштво, снимки испратила и друга жена, која била набљудувана пред зградата во која живее. Тој настан се случил минатата година, а од видеото се гледа како маж го покажува половиот орган, а потоа бега од пред влезот. Заедничко за двата случаи е тоа што се случиле во ноќните часови.

Total
0
Shares
Поврзани објави