Видеo: Красниќи – работев за ОВК со задоволство

Поранешниот портпарол на ОВК Јакуп Красниќи се појави денеска првпат по приведувањето во судницата на Специјалниот суд во Хаг. Откако му е прочитано обвинението, Красниќи се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвиненението за кое го товарат.

– Одлучив да не ангажирам адвокат и бев уверен дека тој не ми е потребен. Меѓутоа моето семејство и пријателите сакаа да имам бранител и јас го прифатив тоа. Јас не сум одговорен за ниту едно од обвиненијата кои ми се ставаат на товар – рече тој.

Како што додаде, неговите должности биле јавни, а главната му била да биде портпарол на ОВК.

– Подоцна бев задолжен и за други работи, но она на што работев со најголемо задоволство беше извршувањето на функцијата портпарол на ОВК. Јас и дадов глас на борбата која ја водеше ОВК, бевме одлучни и имавме право да се бориме за Косово и поради тоа право и добивме меѓународна поддршка. Ништо во обвинението не е точно и во наредните денови и месеци јас ќе се потрудам тоа да го докажам. Не е праведно што сум тука. Ако било што од она што се споменува во обвинението е вистина јас би се срамел, кажа тој.

Oбвинението против Красниќи е потврдено на 26. октомври 2020, а се товари за воени злосторства и злосторства против човештвото според меѓународното право, за различни облици на кривична одговорност.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3 и пол години затвор за транспорт на 700 килограми кокаин – до правосилност на пресуда оди на слобода

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија, Шпанија.…