На социјалните мрежи од синоќа се шири видео дека се случила експлозија на возило во непосредна близина на Гимназијата Нова, во скопско Тафталиџе.

.– Пиромањаци напаѓаат, експлодира возилово кај гимназија НОВА, стои во синоќешната објава на корисник на Твитер, кој постираше видео од изгореното возило.

Според полицијата синоќа околу 22 часот на улицата Букурешка било запалено возило марка Рено клио со скопски таблички во сопственост на М.М. од Скопје. На терен дошле противпожарните екипи кои го изгасиле пожарот, а полицијата врши увид. Неофицијално се работи за подметнат пожар.