Видео анализа: Како е ликвидиран иранскиот генерал

Иранскиот генерал Красим Сулејмани, кој и порано преживеал бројни обиди на атетнтат е ликвидиран со ласерски управувани ракети “Хелфајер“, и целосно е тивок дрон “MQ-9 Reaper”.

Во американските воени кругови овој дрон се нарекува “совршена машина за ликвидација“.

Кога генералот слетал на аеродромот во Багдат со лет од Сирија го пречекал Абу Махди ал Мухандис, заменик командант на паравоените единици кои со иранска подршка делуваат во Ирак.

Сујлеман и ал Мухандис влегле во “Tojotu SUV” со своите помошници, а во другиот автомобил иста марка биле нивните телохранители. Неколку моменти подоцна, додека автомобилите излегувале од аеродромот, малиот конвој е погоден со четири ракети. Автомобилите биле веднаш целосно уништени.

Ракетите се испалени од дронот “MQ-9 Reaper” кој е испратен од американската воена база во Катар. Дронот носел четири ласерски управувани ракети “Helfajer”, кои можат да уништат и тенк.

Дронот е вреден 64 милиони долари и лета со брзина од 370 киломерти на час, а стручњаците велат дека скоро е безшумен со што неговите жртви немаат никакво предупредување пред напад.

Дронот за прецизни удари, кој може да испраќа видео снимки напаѓа секаде во светот, го управуда двочлена посада одалечена стотина километри далеку. Нападот е изведен со ракети Helfajer R9X “Ninja”.

Total
0
Shares
Поврзани објави