Видео – Америка гори: Трамп се заканува со распоредување на војската на улиците, се огласи и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државите и градовите мора да бидат „многу построги“ кон протестите против полицијата, во спротивно ќе се вклучи сојузната влада и ќе биде активирана војската.

Либералните гувернери и градоначалници мораат да бидат построги, во спротивно ќе се вклучи сојузната влада и ќе го стори тоа што мора да се стори. Тоа вклучува и користење на неограничената моќ на нашата војска и многу апсења, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Пентагон во текот на вчерашниот ден соопштија дека на воените единици им било соопштено да ја подигнат готовноста и да бидат целосно подготвени да одговорат на повикот да излезат на улиците ако гувернерот на Минесота го побара тоа од нив.

Таков краток рок од 4 часа за потенцијално вклучување на војската обично се воведува во случај на природни катастрофи.

Засега гувернерот на Минесота нема побарано поддршка од вооружените сили за Националната гарда во Минесота или полицијата, соопштија од Пентагон.

Total
0
Shares
Поврзани објави