Угостителски објект работел после дозволеното време, газдата одбивал да се легитимира

Во угостителски објект во с.Брвеница, тетовско вчера вечер полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица, тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана донесени од Владата за мерки и спречување на внесување и ширење на вирусот ковид-19, било констатирано дека истите не биле почитувани од Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Со тоа, постоело основано сомнение дека сторил кривично дело- „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл.206 од КЗ на РМ, додека Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож.

По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Total
0
Shares
Поврзани објави