Хенаро Гарсија Луна, мексиканскиот министер за јавна безбедност од 2006 до 2012 година, обвинет е во Њујорк за примање на повеќе долари мито од наркокартелот Синалоа. Тој за криминалната организација на Хоакин Гузман Ел Чапо ѝ овозможувал неказнено да делуваат во Мексико, пренесува „Н1“.

Тој во понеделникот беше уапсен во Далас, а обивинителството наведе дека ќе биде побарано да биде префрлен во Њујорк. Се наведува дека Луна од 2001 до 2012 година, во време која за преземал високата функција поврзана за полицијата во мексикансата влада, земал повеќе милиони долари мито.

Тоа се случувачо додека Луна ја „контролирал мексиканската федерална полиија и бил одговорен за обезбедување на јавната безбедност во Мексико“, наведе обвинителот.

– Апсењето на Луна ја покажува нашата одлучност да ги изнесеме пред лицето на правдата сите оние кои им помагаат на картелите во нанесување на разорна штета врз САД и Мексико, независно од положбата на која биле додека ги вршеле криминалните дела – рекоа надлежните во САД.

Според информациите од обвинителството, благодарение на тоа што Луна бил подмитен, картелот Синалоа без проблеми од властите испраќал тони кокаин и други наркотици во САД, истовремено добивајќи доверливи полициски податоци за истрагите и информации за ривалските картели.