Уапсен директорот на Renault, Nissan и Mitsubishi Карлос Гон

Првиот човек на групација Renault-Nissan Карлос Гон е уапсен од јапонските власти заради проневера на 44 милиони евра. Тој веќе со месеци бил под интерна истрага на Nissan, која резултираше со негово испраќање зад решетки. Покрај обвиненијата, Јапонците веднаш му дадоа отказно решение од директорската позиција на Nissan бидејќи истрагата покажала дека тој освен што со години прикажувал помали примања од вистинските, ги трошел и парите на компанијата за приватни потреби. Веднаш после објавувањето на оваа вест, акциите на Renault доживеаја голем пад за 10, а на Nissan за 8,7 отсто.
Според договорите што ги има Карлос Гон годишно заработува 17 милиони долари – 8,5 милиони од Renault, 6,5 милиони од Nissan и 2 милиони од Mitsubishi.

Total
0
Shares
Поврзани објави