Тројца мажи и една жена убиени во Хрватска

Нешто пред 13 ласот во Водице, Хрватска, се случило убиство.

Како што пишуваат хрватските медиуми, познат претприемач од подрачјето на Шибеник е убиен со автоматска пушка додека бил во автомобил пред еден дуќан во Водице.

Од страна на полицијата е потврдено дека во Ведице во автомобил покрај патот пронашле мртов маж.

Малку подоцна во 13.23 часот, полицијата од Итаната медицинска помош добила друга дојава за пронајдени три мртви лица, двајца мажи и една жена, во еден објект на Јужната магистрала.

Полицијата ги повика граѓаните да помогнат и доколку видат возило марка Шкода со регистарски ознаки ŠI-959-HF да пријават во полиција.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не се доближуваат до возилото туку веднаш да пријават, пишува „Индекс“.

Total
0
Shares
Поврзани објави