Три момчиња и девојка до смрт претепаа професор по англиски

Хрватската јавност е во шок по убиството на 35-годишен професор во Економското училиште во градот Вараждин, кого со дрвени палки до смрт го претепаа четворица млади луѓе, меѓу кои е и една девојка.

Убиениот, кого полицијата го идентификуваше како професорот Нино Ченгиќ, бил нападнат и претепан на улица во петокот навечер, а свирепите насилници го оставиле да крвави на асфалтот, пишуваат медиумите. Тој бил пронајден од минувач рано утрото и веднаш пренесен во болница, но вчеравечер им подлегнал на повредите.

Полицијата брзо ги идентификувала напаѓачите и соопшти дека станува збор за четворица осомничени – девојка на возраст од 24 години и тројца млади машки лица стари 20, 25 и 29 години. Тие се во притвор и ќе бидат обвинети за убиство. Засега нема потврдени информации за мотивот поради кои насилниците го извршиле грозоморниот чин. Полицијата ги истражува информациите дека жртвата и напаѓачите се познавале.

Шокирани се и колегите на убиениот Ченгиќ, кој предавал англиски во локалното средно Економско училиште.

„Страшно. Децата го обожаваа. Им беше и класен на матурантите,“ изјави вработен во училиштето за порталот „24 сата“.

Total
0
Shares
Поврзани објави