Телеком алармира: Пораките од нас за наградна игра се лажни !

Телеком денеска ги предупреди своите корисници за лажната наградна игра. Имено, посочија да не се учествува во наградна игра за која стигнуваат пораки на телефони, бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци.

“Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или “Phishing комуникација”, на која што се објавуваат неточни информации во име на нашата компанија. „Телеком“ се оградува од овие пораки и им препорачува на корисниците да не учествуваат во наградната игра поради ризик од злоупотреба на нивните лични податоци, велат од компанијата.

Што е Phishing?

Фишинг е добро позната измама на која може секој да наседне. Се работи за веб сајт идентичен како некој од познатите брендови. Вие не ја пронаоѓате разликата помеѓу оригиналниот веб сајт и тој што има за цел да ви ги украде податоците. Кога ќе ги внесете вашите податоци на фишинг сајт, тие се зачувуваат во база каде до неа има преглед тој што го креирал.

Како да се препознае сајт кој има за цел да ви ги преземе личните податоци?

За почеток, бидете сигурни дека сте ја впишале точната адреса на веб сајтот, речиси адресите на оригиналниот сајт и лажниот се слични но не е можно да бидат исти. Следно по што може да познаете е брзината на веб сајтот, најчесто лажните се далеку поспори од оригиналот. Ако оригиналниот веб сајт го посетувате често, лесно ќе може да препознаете и по функционалноста на сајтот, најчесто на лажниот сајт има линкови кои не функционираат.

Што може да се направи со вашите лични податоци?

Во најлош случај, дознавање на податоците од банкарски сметки, па може брзо да ви бидат онлајн испразнети. Во случај на дознавање податоци како адреса, град и место на живеење и матичен број, може многу лесно да се подигне онлајн кредит за кој вие ќе дознаете после долго време. Забележани се неколку случаи последниов период во Македонија каде со туѓи податоци, онлајн се подигнуваат таканаречените брзи кредити.

Совет:

Во случај да наидете на таков сајт, пожелно е да ја споделите информацијата да ја видат што повеќе луѓе и да пријавите во полициска станица

Total
0
Shares
Поврзани објави