Татко ја продал својата ќерка за 20 илјади долари во Германија

Во Подгорица е уапсен 44-годишен човек под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка.

Полицијата се сомнева дека тој ја продал својата 15-годишна ќерка за 20.000 евра за да склучи недозволен брак, објавија локалните медиуми.

Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.

Потоа, таа му е предадена на семејството од Германија со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра – се наведува во соопштението.

Total
0
Shares
Поврзани објави