Ужас во Србија:„Малчанскиот берберин“ кој стриже и силува повторно киднапира девојче, полицијата и народот на нозе во потрага

Од небо и земја, српската полиција, засилена со ловџии и кучиња трагачи ја бара 12-годишната Моника, која пред шест дена исчезна на пат кон училилште. 

Нема трага ниту од Малчанскиот берберин, како што го нарекоа медиумите 46-годишниот Нинослав Јовановиќ, веќе осудуван  педофил, за кого се верува дека го грабнал девојчето. Куќа по куќа, се пребаруваат повеќе села во околината на Књажевац, а проценките се дека киднаперот, кој одлично ги познава околните шуми, постојано ја менува локацијата, водејќи ја со себе несреќната тинејџерка. Денеска преку медиумите, лично до киднаперот се обрати и мајката на девојчето.

Не барам да има големо, само толкаво срце да има и да ја пушти ќерка ми. Ако има душа тој човек, нека каже, доста те мачев и малтретирав, оди си дома кај мајка ти. Нека бега, нека прави што сака, само нека ми го пушти детето., вели Александа Каримановиќ, мајка на исчезнатата Моника

Полицијата досега го најде училишниот ранец на девојчето и примероци од нејзината коса, како и палтото на осомничениот во куќа во селото Орешовац. Тоа ги врати морничавите детали од минатото на киднаперот, кој во минатото ги стрижел своите жртви до гола кожа, а потоа се изжививал врз нив. Претседателот Вучиќ рече дека во моментов пронаоѓањето на Моника е врвен приоритет.

Загрижени сме за тоа дете. Постојат детали кои ги знам но не сакам… додека не го уапсиме тој злосторник. Тогаш ќе дознаете повеќе детали., изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Јовановиќ не бил во регистерот од 306 педофили, колку што официјално има во Србија. Во 2006-та е осуден на 15 години затвор за силување на едно девојче и обид за силување на друго. По излегувањето повторно е осуден на пет месеци, поради сексуално вознемирување на социјалните мрежи. Од март годинава бил на слобода. Јавноста реагира дека институциите потфрлиле и не го контролирале неговото движење и потенцијалната опасност.

обработката на текстот и видеото се целосно превземени и сопственост на Канал5 телевизија

Total
0
Shares
Поврзани објави