Притворени се напаѓачите на Палчо

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска соопшто дека напаѓачите на политичкиот активист Љупчо Палевски-Палчо се наоѓаат во притвор и се работи на расчистување на случајот.

-Што се однесува до нападот што беше врз Љупчо Палевски. Да имаме приведено осомничени лица и моментално се работи на целосно расчистување на случајот, откри Спасовски.

Љупчо Палевски во гостувањето во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа како нарачатели на нападот врз него ги посочи Зоран Заев и Сашо Мијалков.

Тој деновиве брутално беше нападнат и претепан пред својот дом во центарот на Скопје од страна на двајца напаѓачи кои по настанот побегнале од местото со мотор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пејачот Даниел Кајмакоски ја пријави екс сопругата во полиција, му ставила дрога во кафето па завршил во болница

Јавен обвинител ја разгледува пријавата која популарниот македонски пејач Даниел Кајмаковски ја поднел против својата поранешна сопруга за…