Со камион полн марихуана со 400 денари сакал да поткупи полицајци

Албански државјанин се обидел да ги поткупи полициските службеници кои го сопреле при сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп-Градско. Во документите што ги приложувал на полицијата, 40-годишниот возач на камионот ставил и 400 денари за да не го претресуваат возилото во кое превезувал голема количина марихуана.

„Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него. При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски пакувања“,

се наведува во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп го гони за две кривични дела – давање поткуп и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и сусптанции. Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомниченото лице со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави