Жител на Мала Речица возејќи својот автомобил удрил во 10 пешаци и сите ги повредил. Настанот се случил на патот кој водел од селските гробишта, веднаш по завршувањето на една погребна церемонија на која присуствувале сите десет повредени лица. Од засега непознати причини, возачот на „голфот“, кој и самиот бил на погребот, изгубил контрола над возилото и удрил во пешаците кои се движеле по патот.

Според полицијата несреќата се случила око 13 часа. Пешаците биле од селата Јажинце, Непроштено, Доброште, Тетово и четворица од Орашје. Во незгодата тешки телесни повреди добило лицето А.В.(75), од Јажинце кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека телесни повреди имале сите останати пешаци.