Скандал: Полицајци во Битола тепале мајка и син оти не носеле маски и лична карта

Аваја ја известува целата јавност дека денес во Битола повторно имаме случај на полициска бруталност, и тоа врз повозрасна жена Ромка и нејзиниот син!

Синот на жената бил излезен на пауза од работа за да јаде и не носел маска во моментот поради тоа што јадел, но полицаецот му пристапил за да го легитимира заради тоа што не носел маска на отворено и да го казни (ИАКО МЕРКИТЕ СЕУШТЕ НЕ СЕ УСВОЕНИ). Личната карта не била со него, па поради тоа неговата мајка рекла на полицаецот да ја земе нејзината лична карта. Полицаецот викнал засилување и синот бил приведен заедно со мајката бидејќи таа не сакала да го остави нејзиниот син сам. Откако се качиле во полициското комбе синот и жената биле НАСИЛНО ТЕПАНИ!

Додека биле тепани полицаецот им викал “ѓуптини ајде сега снимајте, не ми можете ништо”! Повозрасната жена Ромка се наоѓа во загрижувачка животна состојба! Откако била претепана морала да интервенира и брзата помош! Жената болна од астма се нашла во состојба да не може да дише поради нападот!!! Жената е моментално под висок стрес и со загрозена здравствена состојба! Нејзиниот сопруг во текот на денот се обидел 3 пати да го пријави случајот во полициската станица, но немало кој да го прими. Во моментов сопругот на жената повторно ќе се обиде да го пријави случајот во полиција во Битола – очекуваме дека полицијата овојпат ќе го прими граѓанинот и ќе превземе соодветни дејствија!!!

Воедно загрижувачка состојба е и тоа што имаме повторно обид за прекривање на случајот, со ненавремено постапување и општо непостапување од страна на другите полицајци што повикува на потреба од сериозни реформи во функционирањето на полицијата!

Ги осудуваме сите дејствија на реваншизам и очекуваме брза реакција! #Aваја нема да дозволи повторно да имаме вакви случаеви на полициска бруталност!

Ќе биде обезбедена правна помош и за овој случај бидејќи насилните полицајци треба да бидат соодветно казнети!

Бараме Внатрешна контрола при МВР целосно да го истражи денешниот случај, и инволвираниот полицаец да биде соодветно казнет за денешниот напад!

Доколку не бидат превземени итни дејствија најавуваме масовен протест во Скопје!!!

Oliver SpasovskiМинистерство за внатрешни работи

Total
0
Shares
Поврзани објави