Синоќа вооружена пресметка во Арачиново

Околу 23.30 часот во близина на општинската зграда во општина Арачиново од автоматско оружје бил отворен оган, дознава „Инфомакс“.

Според неофицијалните информации, две групи од возила во движење со автоматски пушки отвориле оган кон кафуле во близна на општината, по што се дале во бегство.

Неофицијално, цел на нападот бил сопругот на градоначалничката на општина Арачиново Милкије Халими.

На лице место во моментов се врши увид, а на платото пред општинската зграда пронајдени се и чаури од автоматско оружје.

Од полицијата засега нема официјална потврда.

Total
0
Shares
Поврзани објави