Шестмина приведени по инцидентот во „8 Септември“, еден од нив е позитивен на ковид-19

Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите кон докторка во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, јавува државната агенција МИА.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициската станица со специјални протоколи.

Како што објавивме претходно, станува збор за инцидент кој настанал кога роднини на почината пациентка со ковид-19 сакале сами да го земат телото и да го однесат на обдукција. Од болницата им објасниле дека протоколите предвидуваат доколку семејството бара обдукција, тогаш за да се спречи зараза, телото до патологија го пренесува погребно претпријатие. Тогаш настанале негодувања, по што обезбедувањето повикало полиција.

Total
0
Shares
Поврзани објави