Семеен масакр: 24годишно момче си ги убил бабата, дедото и вујкото

Полицијата уапси 24 годишно момче осомничено дека си ги убил бабата, дедото и вујкото кои живееле во околината на Домжале, Словенија. 

Според соопштението на полицијата, момчето употребило неидентификуван остар предмет и со него им нанел повреди на роднините стари 81, 74 и 51 година, пренесува агенцијата СТА.

Сите три жртви починале на лице место. Осомничениот е уапсен на местото на злосторството и изведен пред истражен суд.

извор:СТА

Total
0
Shares
Поврзани објави