САД: Продолжуваат судирите меѓу полицијата и демонстрантите, полициски час во повеќе градови

Во САД продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата, а воведен е и полициски час во повеќе градови. Протестите кои избувнаа минатата недела откако еден Афроамериканец почина при апсење со насилни мерки во многу области преминаа во насилство.

Илјадници луѓе протестираа на улиците на Минеаполис, Њујорк, Мајами, Атланта и Филаделфија. Полицискиот час е воведен во Минеаполис, Атланта, Лос Анџелес, Филаделфија, Портланд и Луисвил.

Се палеа автомобили и објекти, а полицијата со цел да ги смири, во неколку наврати интервенираше со гумени куршуми и солзавец.

Пред Белата куќа е распоредена национална гарда, а има и повредени полицајци и запалени полициски возила.

За време на протетсот  синоќа во Минеаполис настрада позната фоторепортерка, политичка активистка и новинарка  која од гумен куршум остана без едно око.

Џорџ Флојд почина на 25 мај, откако беше апсен со лисици и турнат за земја со лицето надолу на улица во Минеаполис од страна на бел полицаец, кој со колено го држеше на задниот дел од неговиот врат, додека Флојд извикуваше дека „не можам да дишам.“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди демонстрантите порачувајќи дека нема да дозволи гневните толпи да доминираат, обвинувајќи го градоначалникот на Минеаполис поради неуспехот да ги контролира протестите.

Total
0
Shares
Поврзани објави