Пукање на Пластичарска – еден повреден

Едно лице со повреда од огнено оруже е пренесено во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, доцна синоќа. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на „Пластичарската“ улица во Скопје после 21:30 часот.

Повредениот е сопственик на дуќан во кој влегле неколку непознати машки лица и ги нападнале двајцата синови на повредениот. Кога таткото дошол да види што се случува еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.

Тогаш напаѓаните го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.

Се работи на расчистување на случајот.

izvor Alsat TV

Total
0
Shares
Поврзани објави