Викендот што измина иако Скопје беше полупразен град сепак сепак полицијата регистрира пукотници, многу сообраќајни несреќи и тепачки.
Ноќта во неделата кон понеделникот, по полноќ, во близина на ТЦ Чаирчанка се случила сообраќајна незгода во која биле повредени три лица. Оние кои се нашле на местото на настанот, сведочат дека несреќата била помеѓу џип марка „Ауди“, што се движел со голема брзина и удрил во „Пежо“ кое се движело во една од лентите. За сега МВР не ги има соопштено возраста и други детали за учеснинците во сообраќајката.

Петокот кон саботата пак, на улицата „Орце Николов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учесниците се млади луѓе. Односно патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од К.Г. (24) од Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Ч. (19) од Скопје и паркирано патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици, паркирано од Ж.Т. (47) од Скопје.

Истиот ден во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ биле донесени двајца сопатници на возило марка „Фолксваген Голф“ што се судрило со друго возило. Станува збор за Б.С. и А.М.Ч. двајцата по дваесет години, кои се добиле со тешки телесни повреди, констатирале лекарите.

Млад човек, пак, викендов беше мета на огнено оружје во скопски Чаир. Станува збор за 21-годишниот В.И. кој бил однесен во Градската болница и му била укажана прва помош. Повредениот, како што стои во полицискиот билтен, бил донесен во болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување, додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов” во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата. Кога видел дека крвари, одлучил да го донесе во болница.

фото (од една од сообраќајките во Автокоманда во недела доцна вечерта снимена од фоторепортерот на Досие.мк)