Приведени три лица, се трага по извршитолот кој изрешета полицаец во Велес

Полицијата приведе три лица откако утринава пред црквата Свети Спас во Велес беше застрелан полициски службеник, но се уште се трага по лицето кое пукало во него. Полицаецот заедно со неговата колешка вршелe контрола по пријава  дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата. 

Очевидци на настанот велат дека настанала турканица меѓу полицајците и осомничените и чуле истрели. Oткако осомничените пукале во полицаецот физички ја нападнале и полицајката која заедно со него била во контрола. 

Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот, по што бил итно пренесен на ургентниот центар во Скопје. Од таму за ТВ 24 информираат дека 46 годишниот полициски службеник сега е во стабилна состојба и свесен.

Total
0
Shares
Поврзани објави