Погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои беа пронајдени во гаража на доктор

На гробиштата во американскиот град Индијана се погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои минатата година се пронајдени во гаражата на еден доктор во преградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор одржа тамошниот јавен обвинител.

Во гаражата и во автомобилот на докторот Улрих Клопфер се најдени дури 2411 фетуси. На ужасното откритие наидоа членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019 година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги извршил во периодот меѓу 2000 и 2003 година, но истражителите не сакаат да откријат како дошле до тие информации, но открија дека абортусите Клопфер не ги вршел во својата куќа.

Како што објави Си Ен Ен, фетусите се најдени во мали запечатени пластични кеси.

Инаку, остатоци од повеќе од 2.000 фетуси беа пронајдени во неговиот дом во септември 2019 година.

Семејството на докторот ги открило остатоците кога влегле во неговиот дом по неговата смрт на 3-ти септември.

Тој имал клиника во Саут Бенд, Индијана, која е затворена откако му била одземена лекарската лиценца во 2016 година. Бил обвинет дека не пријавил на властите абортус што бил извршен врз 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил пациент во 43 години колку што правел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не“, рекол докторот на сослушувањето, пренесе тогаш „Њујорк Тајмс“.

„Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да му кажам на никого. Ниту да судам“, рекол тој.

Властите откриле остатоци од вкупно 2.224 фетуси кои се земени од патологот, а истрагата е во тек.

Total
0
Shares
Поврзани објави