Вчера околу 20,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Драчево Ј.Г. (41) физички ја нападнал М.Л. (60), медицинска сестра.

Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден беше нападнат и доктор во тетовската болница.

Судија на претходна постапка одлучи да им определи 8 дена притвор на двајцата браќа за вчерашниот напад врз лекарот во кожното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Претходно, тетовската полиција им поднесе кривична пријава за насилство.

Според извори во истрагата, двајцата браќа веќе се однесени на издржување на мерката притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

-Кривичната пријава за А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40) од Тетово е поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 6.9.2019 година, во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во Тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.(45), соопшти денес СВР Тетово.

Двајцата браќа по нападот биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.