Шоферот што предизвика сообраќајна несреќа во Трубарењво, во која усмрти 10 годишно дете, добил 30 дневен притвор и ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќај.

Управувајќи со патничко моторно возило БМВ и во алкохолизирана состојба со 1,78 промили во крвта и 2,43 во урината, го загрозил јавниот сообраќај затоа што не ја приспособил брзината на возилото кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото удрил во задното тркало од мопед „Баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал.

Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете родено 2011 година, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете задобило тешки телесни повреди.

Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде  удрил и соборил дрвена бандера сопственост и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.