ПАСОШКА МАФИЈА: За Македонци 300 за Абанци 1500 евра за бугарски пасош

Обвинителството во Софија неколку дена ја чешла Државната агенција за Бугари во странство, која се сомничи дека продавала лажни потврди за бугарско потекло на државјани надвор од ЕУ, врз основа на кои подоцна добивале бугарско државјанство и бугарски пасош.

Според податоците на бугарските власти, до сега биле издадени 153.000 пасоши, а 38.000 биле во процедура. Најголем интерес за добивање бугарски пасош имало во Македонија, од каде само лани биле поднесени дури 10.000 барања за добивање потврда за бугарско потекло. Одма после Македонија, како што пишуваат српски медиуми, се наоѓа Србија, а потоа Украина, Молдавија, Албанија и Русија.

Според неофицијални информации во бугарските медиуми, челниците на Агенцијата за Бугари во странство наплатувале по 5.000 евра за една потврда за бугарско потекло, а обвинителството во Софија потврди дека од таму неделно издавале по 40 такви потврди.

Кај нас во Македонија, пак, се говори за многу пониски цени. Целата процедура за добивање бугарски пасош чини од 350 до 500 евра во зависност од посредникот преку кој се вади. Ова може да се види и на огласи со кои се нуди оваа услуга.

Има сомнежи во Софија дека во пасошката мафија е вмешан и потпретседателот на бугарската влада, министер за одбрана и лидер на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов. Вакво обвинение изнесе бугарскиот пратеник Велизар Енчев, цитирајќи наводи на поранешната директорка на Агенцијата, Катја Матева, која тврдела дека на Каракачанов главниот извор за финансирање на партијата му била продажбата на бугарски државјанства на Македонците.

– Под раководство на партијата на Каракачанов услугата за продажба на бугарски пасоши на Македонци се вршела преку две канцеларии за превод и легализација и канлецалрии на двајца адвокати. Лидерот на бугарското ВМРО земал од 550 до 1.500 евра од секој македонски граѓанин за да стане Бугарин и за тоа има факти, цитира пратеникот Енчев.

Каракачанов во интервју негираше дека неговата партија ВМРО се финансирала со издавање бугарски државјанства на Македонци.

Министерката за правда на Бугарија, Цецка Цачева, најави дека до крајот на годината ќе има промени во Законот за издавање бугарски државјанства. Причината, како што рече Цачева, е со цел да се избегнат идни малверзации  – односно издавање бугарски пасоши за странци.

извор: BG mediumi

 

Total
0
Shares
Поврзани објави