Палчо: Кадрите на ДУИ во полицијата ја гушат истарагата

Љупчо Палевски – Палчо, активист и лидер на движењето „Трета“ вечерва ги обвини началниците на ДУИ во полицијата за гушење на истрагата поврзана со физичкиот напад против него.

-Началникот за насилен криминал на Град Скопје, кадар на ДУИ и оној на Република Македонија е кадар на ДУИ и прават опструкции да нема ништо од ова истрага, најбрутално од се тоа што не дозволуваат со „Сејв сити“ да има вештачење обвинителството, односно да го искористи како аргумент за расчистување на овој циркуз којшто го направија и ова насилие – изјави Палевски на Алфа Телевизија.

Тој го обвини и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков дека му се заканувал дека ќе го стави во буре со киселина.

-За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам – потенцираше Палчо.

Total
0
Shares
Поврзани објави