Осум лица уапсени за кражба на камион со марихуана

Осуммина се приведени по полициската акција во Арачиново за украдената легална марихуана. Тие се осомничени за кривичното дело „разбојништво“.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска откри дека истрагата е проширена, а акцијата во Арачиново била обемна и сложена. Сепак, Спасовски не сакаше да открие повеќе детали.

Во тек е истрагата и работиме на ова. Значи не можеме преку медиуми да ја водиме истрагата, ве молам. Оставете да завршат колегите и кога ќе ги имаме сите податоци да ги споделиме, тоа да го направиме. Не треба да ја наштетиме истрагата во овој период, мислам дека нема да ја постигнеме целта. Целта ни е да завршиме истрагата да се обезбедат доказите, тие што се одговорни да сносат одговорност. Затоа да бидеме внимателни и трпеливи“, рече министерот Спасовски.

Полицијата денеска не откри ниту колку марихуана е пронајдена. Инаку во петокот наутро во валандовското селото Јосифово од склад на фирма за производство беа украдени близу два тона цвет од марихуана натоварена во камион.

Во друга акција полицијата заплени поголемо количество марихуана.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави