Од собата на Јагуар никој не излегол жив: Платениот убиец на Ел Чапо тука ги вршел најстрашните ликвидации

Сведокот на судењето на нарко-босот Ел Чапо Гузман, рекол дека еден негов платен убиец имал посебна “соба за убиство” во која ги вршел страшните убиства.

41-годишниот Едгар Галван, во понеделникот на суд изјавил дека убиецот Антонио “Јагуар” Маруфо имал соба која била звучно изолирана “така што буката не излегува надвор” и опремена со одвод на подот за брзо чистење.

“Ме однесе во една куќа, каде подот беше бел, поплочен. Така убиваше луѓе. Од куќата никој не излегол надвор”, изјавил Галван.

Галван, кој бил возач на такси, станал пријател со Маруфо во 2007-ма година по неговиот развод. На судењето посведочил дека се зближиле, а платениот убиец станал “негов пријател за излегувања”.

Наскоро почнал да живее во Ел Пасо во Таксас и работел за Маруфо, кој работел за картелот Синалоа на Ел Чапо, пренесува “New York Post”. Галван рекол дека Маруфо му помогнал да го префрли оружјето преку границата за “чистење” на ривалските картели во мексиканскиот град Јуарез.

Тој посведочил дека “чистењето” значело да се убијат сите луѓе, за да може Ел Чапо да ја преземе контролата над тоа подрачје. Уште не е познато дали куќата се наоѓала во Мексико или во Тексас, и уште не е познато колку луѓе биле таму ликвидирани.

Според зборовите на сведокот, тој никогаш не го повлекол чкрапалото, иако два пати добил пиштол за да изврши злосторство. На фотографијата која била прикажана на суд, се гледа Галван како позира со пушка во некоја куќа.

Уапсен бил во 2011-та година по четири години работа за картелот. Галван се изјаснил за виновен за поседување на наркотоци и огнено оружје и отслужил осум години затвор. Маруфо моментално се наоѓа во мексикански затвор. Судењето на Ел Чапо продолжува, а тој се изјаснил како невин.

tocka.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави