Косовските власти не знаат каде е Африм Исмаиловиќ, обвинет во случајот „Монструм“ за кого до надлежните косовски служби од македонска страна е побарана екстрадиција, известија денеска македонските власти.

-Министерството за правда на Република Македонија ќе испрати ургенција и ќе побара од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на лицето и негова екстрадиција со цел да биде изведено пред лицето на правдата, е информацијата од Министерството за Правда.