Нoви закани против лекари во струмичката болница

Докторка од Струмичката болница пријавила вербални закани од непознато лице по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на починатото деветмесечно бебе во болницата бурно реагирал.

Портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, вели дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Рендевска додава дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болницата во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт.

Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба поради што и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Што пишува во обвинението за Mеѓународен сојуз: Ременски го поддржувала Боки на средбите со бизнисмените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…