Најнова вест: Ја убил сопругата , пукал во таксист и побегнал , тетовско Речица блокирано

Локалните медиуми известуват дека вечерва во селото Речица, Тетово, се случило убиство. Мотивите и извршителот се уште се непознати, но се сомнева дека семејна кавга е причината за убиството.
Неофицијално се случило убиство и обид за убиство. Средовечен човек вечерва ја убил својата сопруга во куќата на нејзиниот татко, а потоа излегол и пукал во таксист со намера да го убие. Таксистот е повреден и е префрлен во болница. Жената е убиена со два куршуми, а убиецот е во бегство и се уште е вооружен.
Полицијата излезе на теренот и работи на расчистување на случајот, додека сообраќајот во овој дел е забранет. Се очекува официјална информација од тетовскта полиција.

Total
0
Shares
Поврзани објави