Најголемиот нарко бос Ел Чапо од затвор лансира модна линија

Осудениот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман објави дека планира да покрене модна марка од затвор, која би го носела неговото име.

Ел Чапо инспирацијата за новиот бизнис ја пронашол во своите ќерки, седумгодишните близначки, а со модната марка ќе раководи неговата сопруга Ема Коронел Аиспуро.

Облеката со потпис на еден од најголемите шверцери на дрога на сите времиња набрзо би можела да биде достапна во САД и во Мексико.

Ел Чапо, кој минатиот месец е прогласен за виновен за илегална трговија со наркотици, перење на пари и нелегално поседување на огнено оружје, потпиша документи со кои му се одобрува комуникација со надворешниот свет.

Овој проект е идеја што јас и Хоакин ја развиваме долго време. Пред да отиде во САД, многу разговаравме на оваа тема, изјави Ема Коронел Аиспуро.

Озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гусман (61), познат како Ел Чапо, во американски суд е прогласен за виновен поради организирање шверц на огромни количини дрога.

Гусман, чиј прекар на шпански значи „Кусиот“, е прогласен за виновен по сите 10 точки од обвинението, поради што би можел остатокот од животот да го помине во затвор. Негово судење почна во ноември минатата година и на процесот се појавија повеќе од 50 сведоци.

Мексико во 2017 година го екстрадира во САД каде се терети дека како лидер на картелот Синалоа, шверцувал кокаин, хероин и други дроги.

Но и покрај апсењето, екстрадицијата и пресудата за Ел Чапо, неговиот картел Синалоа продолжува да дејствува, а доказ за тоа се огромните пратки дрога откриени на границата во изминатите недели.

Вреќите со фентанил и пластични кеси со мет, хероин и кокаин покажуваат дека картелот не ослабел, ниту изгубил на својата традиционална територија во северозападно Мексико, ниту има ограничен меѓународен опсег со загубата на озлогласениот лидер.

– Тој се уште е главна сила на мексиканското криминално подземје, изјави мексиканскиот безбедносен аналитичар Алехандро Хопе.

Total
0
Shares
Поврзани објави