Најновата вест која пристигна е дека во Волково е пронајдена мртва девојка. Од надлежните се уште нема никаква официјална вест како и вчера кога се обидовме да добиеме информации за починатото момче во Нерези.

Додека се чека информација за овие нејасни смрти случаи во Скопје како и за жената пронајдена во Вардар за која повеќе од една седмица нема официјална причина за смртта јавноста е видно вознемирена и од настан кој се случил во Влае. Медиумите објавија социјалните мрежи вријат, а МВР само кратко кажа дека криминалот е намален, но медиумите бројат лешеви.

Она што ги вознемири и уште жителите на Влае живеат во страв е следното сведоштво објавено пред два дена.

Денеска со моите три деца бев на игралиштетото во Влае откај Кејот на Вардар каде што и си играат повеќето од нашите деца . Во еден момент приметивме како еден малд дечко со  куче им приоаѓа и разговара со нив. Во тој момент децата дотрчаа вознемирени  и исплашени и ни кажаа како тој дечко ги викал да одат со него и да му дадат рака за да ги прошетал. Среќа што ние бевме таму па спречувме да дојде до немил настан и случајот го пријавивме во полиција . Ова го споделувам со сите и ве молам да се споделува бидејки има деца кои одат и сами на двете игалишта во Влае. засега се снам дека дечкото е од Влае и е наркоман.

Од локалното население добивме одговор дека децата од населбата без надзор не ги пуштаат на игралиштето , а засега полицијата нема одговор на овие сведоштва. Она што се зборува е дека случајот е пријавен во полиција која наводно му зела изјава на момчето, но дека истиот е виден и во Карпош 4.