На сметка во банка во Рим префрлиле 640 милиони евра за смена на Вучиќ

За поранешниот директор на Царинската управа на Србија, се верува дека е дел од октопод кој шверцувал цигари и нафта со години, со помош на криминални банди, а парите ги пренесувал во банка во Рим.

Милош Томиќ, поранешниот директор на Царинската управа, беше приведен вчера во СБПОК и со часови беше испрашуван поради силните мултимилионски проневери во кои се вмешани луѓето на Веља Невоља и претседателот на Фудбалската асоцијација на Србија, Славиша Кокеза! Државата, како што се сомнева истрагата, беше оштетена од неколку стотици милиони евра од овој шверц од огромни размери, што го извршија споменатите функционери заедно со мафијата!

Како што предходните денови пишуваше српски Курир, криминалните активности во рамките на работењето на Царинската управа им овозможија на одредени службеници од светот на спортот и политиката да се здобијат со огромно богатство. Така, под покровителство на Томиќ, во Србија влегоа камиони и камиони стока што никој не ја контролираше, така што не се знаеше што влегуваше во земјата, ниту пак се плаќаше царина на таа стока. Се претпоставува дека стоката е вредна милиони евра и дека, меѓу другото, биле увезени цигари и нафта, на кои тие оствариле профит од околу 640 милиони евра.

Според информациите, тие пари биле веднаш изнесени од земјата, во банка во Рим.

Поранешниот управител на белградската царинарница, Жељко Поповиќ, беше означен како прва врска, кој беше еден од луѓето во кои најмногу веруваше директорот Томиќ, а токму преку него и Кокеза учествуваше во увоз на стоки што никој не ги контролираше. Таа двојка беше поврзана преку спортот! Во периодот кога Кокеза е прв човек на фудбалскиот сојуз во Белград, Поповиќ е потпретседател на ФСБ. Тогаш Кокеза започна тесна соработка со Поповиќ, со кого за кратко време разви вистинска шема за далавери на царината.

Поповиќ беше одамна познат по тие танге франге малверзации со стоката која не се царинеше и тоа го правеше со години и никој не можел ништо да му направи затоа што важеше за еден од луѓето на кои најмногу му веруваше директорот Томиќ, под чие покровителство работеше. Тој палеше и гасеше, ништо не можеше да се случи без негово одобрување, вели извор од истрагата.

Total
0
Shares
Поврзани објави