Мртва жена пронајдена во стан во центарот на Велес

Тело на почината жена е пронајдено во стан во центарот на Велес, на улица „8 Септември“ или поточно во кривата зграда, кај стара библиотека.

Телото го пронашле припадниците на противпожарната единица и полицијата, откако пријавиле соседите, поради миризбата која почнала да се шири од станот на починатата.

Жената имала околу 70 години и живеела сама. Во станот се врши увид, по кој ќе биде познато дали се работи за насилна или природна смрт.

Пред три месеци во стан во Велес беа најдени мртвите тела на мајка и син, кои подолго време биле починати. Подоцна тестот за коронавирус покажа дека мајката била позитивна, а синот не.

Total
0
Shares
Поврзани објави