Мртва девојка најдена во најлон кеса

Вработен во јавното скопско претпријатие Комунална Хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари доцна синоќа видел црна пластична кеса во која имало човечко тело.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, каде екипи од секторот за внатрешни работa го превзеле трупот и го предале на судска медицина, по наредба на обвинител.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во текот на вчерашниот ден изврши увид на местото каде беше пронајдено безживотно тело во скопско Горно Оризари. Притоа, издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и наредба за прибирање и вештачење на траги пронајдени на лице место. Резултатите од наредените вештачења со кои треба да се утврди идентитетот и причината за смртта на лицето се уште се очекуваат, информираа за ДОСИЕ од обвинителството.

По отворањето на пластичната ќеса, откриено е дека станува збор за безживотно тело на девојка, чиј идентитет и возраст сè уште не се утврдени.
Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжи во наредните денови.

Total
0
Shares
Поврзани објави