Имаше информација од пред 20 дена дека има лица со униформа и дека ќе удpaт во полициckа станица или врз недолжни луѓе за да се слушне нивниот глас, потсетува лицето Зоран Т. во еден од разговорите кои денеска преку преписки од СМС пораки беше прочитан во Кривичниот суд на продолжението на судскиот процес Монструм.

Во друг разговор, со друг соговорник, за лицата во униформа тој кажува дека се „таму горе” и веќе не се со амблем на УЧК, туку со Илирида. За информацијата од пред 20 дена, вработениот во безбедносните структури зборува во повеќе разговори.

Ти кажав и на тебе и на Синиша дека имаме информации дека има луѓе во униформи, дека имаат намера да се прокламираат, дека ќе удpaт во полициckа станица или во нeвини луѓе. И денеска сите ќутат никој не кажува чекај да провериме дали се можеби тие истите луѓе, вели Зоран Т.

Тој вели дека информацијата која ја имале уште тогаш ја кажал каде што може.

Сум ја кажал и кај советник за безбедноснат на претседателот, сум ја кажал сегде кај што можам, кај што ми креваат телефон, вели вработениот од безбедносните служби.

Од транскриптите се слушна и дека тој кажува и оти има coмнеж оти зад ова стои поранешен негов колега од граничниот премин Блаце, Башким Б., кој е во бегство поради yбиcтво на некој друг колега од специјалните единици.

Петкратното убиcтво беше на 12 април 2012 година, кога беа yбиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

извор: Плус Инфо