Молк во Македонија за српската истрага за партнерот за производство на марихуана за медицински потреби

Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, беше уапсен во Србија, поради нелегално одгледување марихуана.

Бизнис партерот на Заеви е под сомнение за црна продажба на марихуана. Во Србија овој случај беше криен кратко време, како што пишуваат медиумите, поради поврзаноста на Предраг со српските власти.

И покрај тоа што по обелоденување на скадалот поминаа неколку дена, молк има и од македонската страна.

Македонските власти во овој човек видоа бизнисмен кому му го отворија пазарот, а што имал за цел да прави тука, засега ќе остане отворено прашање.

Српскиот „крал“ на органската храна, Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, е уапсен во својата матична земја. Главното дело кое му става на товар е токму незаконско одгледување марихуана. Случајот ја „тресе“ српската политичка јавност, а веќе има изјави дека и фирмата на Колувија во земјава била дел од сомнителните бизнис операции.

Според српските медиуми, полицијата упаднала во пластениците за одгледување органска храна на Колувија кај Стара Пазова уште на средината на минатиот месец, по налог на тамошното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Претресот и заплената на марихуана кај Колувија „излезе“ во српските медиуми во изминативе неколку дена. Тоа значи дека речиси две недели тамошните власти не информирале самите за случајот.  Глуви за овој скандал се прават и од македонската Влада. МВР не излегува со никаков извештај, нема никаква информација за марихуаната за која останаа покуси партнерите на Заев.

Дел од медиумите во Србија потсетуваат дека имотот на Колувија во минатото го имаат посетувано и владини министри, како на пример Александар Вулин, актуелниот министер за одбрана. При тие посети, фунционерите го промовираат примерот на Колувија како репер за бизнисмен кој го развива земјоделството.

Според српската опозициска Народна партија, причината што тамошните власти го криеле случајот е блискоста на Колувија со актуелната српска власт. Потпретседателот на партијата, Мирослав Алексиќ, обвини дека веднаш по претресот Колувија, прво, се јавил кај братот на српскиот претседател, Андреј Вучиќ. Токму тука приказната станува релевантна и за Македонија. Според Алексиќ, Колувија ја користел македонската фирма „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“ за незаконски активности.

Допрва ќе видиме дали незаконски активности биле планирани и во Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави