Меѓу шесте жртви во Германија и таткото и мајката на убиецот

Напаѓачот кој околу пладне во петокот уби шест лица во кафуле во местото Рот-ам-Зе во југозападната германска сојузна покраина Баден-Витенберг, е 26-годишен германски државјанин, а меѓу жртвите се и негвоите мајка и татко, изјави на прес-конференција попладнето портпаролот на полицијта на округот Алена.

„Станува збор за 26-годишен државјнанин на Германија. Полицајците откриле дека во локалот, како и во објектот, има шест мртви тела. Тројца се мажи на 26, 65 и 69-годишна возраст, а три се жени на 35, 56 и 62 години. Имаше уште две жртви, кои добиле медицинска помош, а во животна опасност е уште една жртва“, изјавил портпаролот, пренесе телевизијата N-TV.

Покрај тоа, уште двајца малолетници на 12 и 14 години биле загрозени од напаѓачот, и тие во моментот се подложени на помош од псохолог.

„Засега не можеме да кажеме ништо за мотивите, но со оглед на идентитетот на жртвите и настраданите, поаѓаме од тоа дека станува збор за семејна драма. Според податоците со коишто располагаме во моментов, сите се поврзани со семејни односи“, додал полицискиот портпарол истакнувајќи дека меѓу жртвите се и мајката и таткото на напаѓачот.

Трагедијата се случила во кафуле во Рот-ам-Зе, место со околу пет илјади луѓе, околу 12,45 часот по локално време. Според полицијата, покрај шесте жртви се утврдува и идентитетот на настраданите, но се претпоставува дека семејно несогласување е главнта причина за повеќекртното убиство.

Според полицијата станува збор за млад маж кој се натпреварувал во спорстко стрелаштво, а нападот го извршил со полуавтоматски пиштол, за кој имал дозвола.

Total
0
Shares
Поврзани објави