Маскиран крадец вооружен со пиштол ограбил бензиска пумпа во Велес

„Давај ги парите или готов си“! Со ваква закана му се обратил вчера, рано наутро, крадецот на вработениот на бензиската пумпа на ул: „Благој Ѓорев“ во Велес додека во рака држел пиштол.

Како што дознава Дума.мк, крадецот бил маскиран и нему не му биле значајни производите што се продаваат внатре во објектот на бензиската пумпа. Тој само го земал ноќниот промет од околу 15.000 денари што продавачот морал да го извади од касата. Потоа се дал во бегство.

Грабежот се случил вчера во раните утрински часови. Во полициското соопштение пишува:

„ На 02.11.2020 околу 05.30 чaсот во СВР Велес било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес едно лице со закана од вработениот ги одзело парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ пишува во соопштението на СВР Велес.

Направен е увид на лице место и се превземаат мерки за откривање на сторителот.

извор: duma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави