Малиот Ел Чапо – продал 200 кила кокаин, дал 100 милиони долари мито, испрал милијарди долари – ,, судење на векот”

Судењето на векот против 61-годишниот Ел Чапо  обвинет за создавање на најголемиот нарко-картел откри дека за 25 години во САД прошверцувал повеќе од 155 тони кокаин и дал околу 100 милиони долари мито на мексиканската власт.

Судењето на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман, наречен Ел Чапо, е во центарот на вниманието на светските медиуми. Властите на САД тврделе дека имаат силен случај против Ел Чапо, кој би можел да биде осуден на доживотен затвор. Судбината на кралот на дрогата би можела да биде позната наскоро, со оглед на тоа дека обвинителството и одбраната ги изнесуваат завршните зборови деновиве.

Американските сојузни обвинители имале речиси три месеци да ги изнесат своите тврдења и докази против Ел Чапо во судницата во Бруклин. Неговите адвокати од друга страна имале само 30 минути.

61-годишниот Ел Чапо е обвинет за создавање на најголемиот нарко-картел и се наведува дека за 25 години во САД прошверцувал повеќе од 155 тони кокаин. Исто така се соочува и со обвиненија за перење на пари, трговија со луѓе и огнено оружје.

Тој беше екстрадиран во САД во 2017-ма година, откако два пати побегнал од затвор во Мексико – еднаш во количка за долна облека, а вториот пат низ тунел.

Наркобосот тврди дека е невин по обвиненијата дека неговиот картел Синалоа шверцувал кокаин и друга дрога, дека “испрал” милијарди долари и дека ја надгледувал кампањата на убиства и киднапирања.

Единствен сведок на одбраната бил агентот ФБИ, Пол Робертс, кој во февруари 2017-та година го интервјуирал Хорхе Кифуентес, еден од соработниците на Ел Чапо, кој во моментов се наоѓа во американски затвор и сведочи против наркобосот.

Правниот тим на Гузман се потрудил да го поткопа кредибилитетот на Кифуентес, тврдејќи дека измислил некои од своите искази.

Робертс во текот на сведочењето бил нервозен и гласот му треперел. Адвокатот на Ел Чапо бил многу агресивен. “Ве потсетувам дека тој е ваш сведок и дека не можете да се расправате со него. Само обидете се да ги добиете информациите кои ги сакате”, рекол судијата Брајан Коган.

Тоа што го изнела одбраната било чистра спротивност со тврдењата на обвинителството, кое на своја страна имало повеќе од 50 сведоци.

По совет на адвокатот, Ел Чапо не сведочел во свое име. Пред судот каде се одржувало судењето на векот, секогаш имала засилени мерки на обезбедување. Појавувањето на неговата сопруга Ема Коронел, како и ќерките близначки предизвикаа огромен интерес . Коронел е обвинета дека води луксузен живот, кој го плаќа со крвави пари.

– На судењето беше откриено дека Ел Чапо во САД пренел 200 тони кокаин.

– Дилер на дрога од Чикаго, кој бил задолжен за дистрибуција на хероин и кокаин ширум САД за Ел Чапо, рекол дека чувал резерви на дрога во куќи во Њујорк.

– Кристијан Родригез, технички експерт кој работел за Гузман, изјавил дека лидерот на Синалоа бил опседнат со шпионирање на соработниците и дека наредил да им се вгради шпионски софтвер во телефоните.

– Еден сведок на судењето тврдел дека поранешниот претседател на Мексико, Енрике Пења Нието земал 100 милиони долари мито од Ел Чапо.

Total
0
Shares
Поврзани објави