Мајка и близначки пронајдени мртви , се истражува дали умреле од глад

Полицијата во  стан во Виена пронашла три тела, на жена и две ќерки близначки, пренесуваат српските медиуми.

Во станот живееле 45-годишната Весна со потекло од Србија и нејзините 18-годишни ќерки близначки.

Вратата морала да биде урната од пожарникари и полицајци откако загрижена пријателка на семејството ги барала, па откако долго време не можела да стапи во контакт со нив повикала полиција.

Близначките наводно биле со инвалидитет, а пронајдени се мртви на каучот. Иако засега нема траги од насилна смрт, полицијата и понатаму го истражува случај. За Весна се знае дека неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој заминал, по што Весна останала сама со децата.

Соседите велат дека Весна М. била психички болна. Велат дека нејзиното семејство никогаш не доаѓало во посета.

Мајката и близначките ретко излегувале, но затоа често се слушале викотници од станот. Причината за смртта се истражува, но можно е Весна да ги отрула со таблети ќерките и себеси. Можно е исто така, Весна да паднала и починала, а близначките да починале од глад.

Исто така, како што наведуваат австриските медиуми, можно е сите три да починале од глад, затоа што во станот не биле пронајдени никакви траги од храна.

Телата на девојките биле пронајдени во соба, а мајката во ходникот од станот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3 и пол години затвор за транспорт на 700 килограми кокаин – до правосилност на пресуда оди на слобода

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија, Шпанија.…