42-годишниот Далибор Богдановиќ, нарекуван Боќа, е тешко ранет во синоќешна експлозија на џип во Нови Сад, а бил ранет и пред 5 години.

Синоќа во Нови Сад дошло до стравична експлозија во која експлодирал бел џип БМВ.

Под џипот била подметната бомба со разорна моќ. Пожарникарите го извлекле телото на Далибор кој во тешка состојба бил префрлен во Ургентниот центар.

Портпаролот на Итната помош Сања Ненадиќ Покрајац рекла дека нивната екипа го превезла во болница лицето, каде му била ампутирана потколеница. Инаку, Богдановиќ се суди и за обид за киднапирање. Поради силната детонација испукале и стаклата во околните објекти и згради.