Регионот денеска е згрозен по вчерашното леквидирање на еден од водачите на навивачката група „Алкатраз“.

Според српските медиуми убиството на Љубомир Марковиќ го имаат снимено дури четири безбедносни камери поставени на местото на злосторството. Полицијата траха по BMW X5 , автомобил со кој најверојатно убиецот побегнал.

Тој пред убиството бил во на фудбалско игралиште (балон) каде играл фудбал, а убиецот го чекал пред објектот, а истиот се наоѓа во близина на бензинска пумпа каде и што бил изрешетан тој.

Во телото на водачот на групата „Алкатрас“ завршиле шест куршуми, а еден директно во главата бил фатален и починал на лице место.

Регионот го знае од 2009 година кога бил осомничен за убиството на Брис Татон, навивач на фудбалски клуб. Тој прво бил осуден на 30 години затвор поради убиството на Францускиот навивач, но казната му е смалена на 15 години, но одлежал само девет години, а на слобода излегол во 2017 година.