Четирикратно убиство се случи попладнево околу 14 часот во Лесковац, Србија. Со секира се убиени маж, неговата ќерка (19), која била трудна, вонбрачната сопруга на мажот и нејзиното дете на возраст од 12 години.

Според полицијата, убиството го извршил синот на мажот, на возраст од 22 години, кој се лекувал бидејќи имал психички проблеми.

Полицаец за српските медиуми кој бил на увид вели дека глетката била грозоморна.