Конечната пресуда за Радован Караџиќ медиумите ќе може да ја пренесат 30 минути по објавувањето

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска во 14 часот ќе ја изрече , второстепената пресуда за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Жалбената постапка траеше три години.

Изрекувањето на правосилната пресуда, по жалбите на обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ, е закажано за 14 часот, а медиумите ќе го пренесуваат со задоцнување од 30 минути.

Било какво снимање во живо во зградата на Механизмот е строго забрането од, како што се наведува, оперативни причини.

Хашкиот трибунал во март, пред три години, го осуди Караџиќ на 40 години затворска казна за геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а по девет дена беше екстрадиран во Хаг.

Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.

Total
0
Shares
Поврзани објави