Кланот Америка ја ликвидирал и кумата на Цеца Ражњатовиќ?

Поранешен член на криминалната групата Америка одлучи да соработува со полицијата уште во 2001 година и им даде листа на луѓе кои биле ликвидирани.Полицијата ги добила доказите и наодите од групата “Америка”, нејзините лидери и криминални активности во 2001 година, од член на групата, под псевдонимот Среќко, кој одлучил да проговори.Тој потоа им откри на инспекторите дека во Белград има 15 лица кои се господари на животот и смртта. За нив, како што откри Среќко во тоа време, уште 30 луѓе извршуваат нарачани убиства.Тој исто така открил дека во кланот, како соработници имало високи полициски службеници, еден од Србија, а другиот од Црна Гора. Тој даде листа на ликвидации зад кои беа членови на “Америка”, но исто така и имињата на луѓето со кои соработуваа. За возврат, Среќко  добил уверување дека ќе добие плициска заштита, но бидејки тоа не се случило , тој исчезнал.

Кланот Америка во девеесетите години беше прогласен и пријавен како ескадрила на смртта. Кланот започнал со ликвидации во Белград, а во основната структура имал 15 криминалци. Наводно, во полициските евиденции, забележано е дека во средината на деведесеттите, извесен Воја Америка организирал бројни ликвидации. Тој беше исклучително вешт, се маскирал како просјак или жена за да им се приближи на жртвите. Тој понекогаш убивал без пари само ако некој не му се допаднел.

Списокот на смртта на групата “Америка”

  1. Радован Стојичиќ Баџа, полициски генерал
  2. Јусуф Јуса Булиќ, сопственик на ФК Железник
  3. Зоран Тодоровиќ Кундак, функционер на ЈУЛ
  4. Павле Булатовиќ, министер за одбрана
  5. Ненад Рашковиќ, криминалец
  6. Милорад Влаховиќ Влаша, Советник на МУП на Србија
  7. Драган Радишиќ, полициски инспектор
  8. Милорад Вујичиќ Вуја, сведок,
  9. Раде Ќалдовиќ – Ќента, криминалец
  10. Маја Павиќ, девојката на Ќента
  11. Бојан Петровиќ, поранешен соработник на Војо Американец
  12. Милан Рогановиќ, поранешен соработник на Војо Американка
  13. Миша Цветичанин, кумот на Ќента
  14. Бошко Буха, полициски генерал
  15. Драган Симиќ Симке, полициски инспектор
  16. Милан Ѓорѓевиќ Бобона, кумот на Аркан
  17. Петар Вујичиќ, криминалец
  18. Горан Вуковиќ мајмун, лидерот на “Вождовац клан”
  19. Зоран Шијан, член на “Сурчинскиот клан”
  20. Зоран Стевановиќ Кири, криминалец

Кланот Америка беше откриен во ресторан во Белград кога официјалните лица на БИА, заедно со членовите на Управата за криминалистичка полиција на ПУ Белград и Обвинителството за организиран криминал, го уапсија лидерот на кланот,Веселин Раичевиќ (57). Беа уапсени и водечките членови на тој клан Алили Ирли и Александар Стивиќ, како и Јусуфи Асим.Осомничените организираа шверц на хероин во подолг временски период. Дрогата била спакувана во дрвени декоративни панели и беше дистрибуиран од Бугарија во Србија, земјите од регионот и Австрија. Апсењето се случи во ресторан во Белград за време на примопредавање на дрогата. Запленети биле над два килограми хероин. дрогата во Белград ја донел  македонскиот државјанин, Ашим Јусуфи, кој претходно допатувал од Македонија во Белград а дрогата ја презел недалеку од границата со Бугарија. Групата има меѓународен карактер, бидејќи е составена од Срби, Македонци, Црногорци, Турци, Бугари и Албанци.

 

Која е кумата на Цеца прочитајте тука

 

Total
0
Shares
Поврзани објави